0.8 C
Skopje
недела, 16 ноември 2025

Готово е: Шеикот од Катар е нов сопственик на Манчестер јунајтед

Навивачите на Манчестер јунајтед денеска имаат голема причина да слават бидејќи нивиот тим има нов сопственик.

Англиските и катарските медиуми, објавија дека нов сопственик на Црвените ѓаволи е шеикот Јасим бин Хамад Ал-Тани, синот на поранешниот премиер на Катар, Јасим бин Жабер Aл-Тани.

Катарскиот шеик во битката за купување на најтрофејниот англиски тим го победи најбогатиот човек во Обединетото Кралство, сер Џејмс Ретклиф.

Шеикот Јасим за 100 отсто од акциите на Јунајтед ќе плати пет милијарди фунти, а се вети дека ќе инвестира уште две милијарди фунти за отплата на долговите, како и за подобрување на инфраструктурата на стадионот „Олд Трафорд“ и за засилувања во летниот преоден рок.

Оваа вест најмногу ги израдува навивачите на Јунајтед бидејќи дочекаа да си заминат досегашните сопственици, американското семејство Глејзер, со кое беа во „војна“.
Семејството Глејзер, кое го сочинуваат Аврам, Брајан, Едвард, Џоел, Кевин и Дарси, го водеше Манчестер јунајтед од 2005 година.

- Оглас -

Најнови вести