Готово е: Стерлинг од Манчестер се сели во Лондон

По седум години поминати во Манчестер сити, Рахим Стерлинг кариерата ќе ја продолжи во Челзи. Според медиумите од Англија, вечерва бил постигнат договор според кој Челзи на Сити веднаш ќе му плати 45 милиони фунти, а уште 10 милиони фунти ќе бидат исплатени во вид на бонуси.

Стерлинг во Сити стигна во 2015 година од Ливерпул за сума од 44 милиони фунти. За седум сезони во дресот на Граѓаните, Стерлинг одигра 339 натпревари во кои постигна 131 погодок. Како играч на Сити, Стерлинг се радуваше на четири титули во Премиер лигата, четири ФА Купа и по еден трофеј во ФА Куп и Комјунити Шилд.

- Оглас -

Најнови вести