Турскиот суперталент Арда Ѓулер денеска и официјално беше промовиран како нов фудбалер на Реал Мадрид.
Откако ги помина лекарските прегледи, Ѓулер потпиша шестгодишен договор, а Фенербахче доби 20 милиони евра отштета, која може да се зголеми за дополнителни 10 милиони ако се исполнат бонусите. Турскиот тим згора на тоа ќе добие и 20 отсто од следниот трансфер на Ѓулер.
https://twitter.com/realmadrid/status/1677259486904328192?s=20
Реал Мадрид со потписот со турскиот Меси ѝ нанесе голем удар на Барселона, која исто така беше заинтересирана и дури постигна начелен договор со Фенербахче. Но, Кралевите понудија поголема отштета и ја добија трката за Ѓулер. Токму објавата дека Ѓулер ќе потпише за Реал, имаше најмногу „лајкови“ на социјалните мрежи по објавата во 2009 година дека Кристијано Роналдо стана Крал.
https://twitter.com/i/status/1677256143347826689
Осумнаесетгодишниот фудбалер го доби дресот со број 24, додека Хесус Ваљехо по вторпат летово ќе мора да го менува бројот со кој ќе настапува во претстојната сезона. Ваљехо ја задолжи петката, но му ја отстапи на Џуд Белингам, кој дојде од Борусија Дортмунд и тој ја зема 24-ката. Денеска Гулер ја доби 24-ката, а Ваљехо во новата сезона ќе настапува со бројот 25.