Англиските медиуми објавија дека Арсенал го заврши трансферот на Габриел Жезус, кој потпиша договор со Топчиите до 2027 година за годишна плата од 16 милиони евра.
Ќе го има статусот на прв шпиц во составот на Арсенал, иако во последно време беше резерва кај шампионот Манчестер сити.
Граѓаните добија отштета од 52 милиони евра во која се вклучени и дополнителни бонуси, а Арсенал си ја сиполни желбата да го ангажира Бразилецот.
Претходно клубот од Лондон го купи и Фабио Вјеира од Порто за сума од 40 милиони евра, а преговара и со Лидс за ангажман на Рафиња.
Од Арсенал во кус рок си заминаа двајцата главни напаѓачи, прво Пјер-Емерик Обамејанг во Барселона, а во овој летен преоден рок си замина и Александре Лаказет и се врати во Лион.