Готово е, Зидан по Мундијалот во Катар станува селектор

Тоа што се најавуваше и што речиси сите инволвирани во фудбалот го знаеја, веќе е завршена работа, Дидие Дешан си заминува од клупата на француската репрезентација и негов наследник ќе биде Зинедин Зидан.

Сите светски спортски медиуми пренесуваат дека се е договорено и дека Зидан ќе биде нов селектор на Франција без разлика што ќе направат Триколорите на претстојниот Мундијал на кој ја бранат титулата освоена пред четири години во Русија.

Договорот на Француската фудбалска федерација и на Зинедин Зидан ќе биде официјализиран во јануари идната година, кога ќе бидат познати и сите детали кои веќе се договорени меѓу двете страни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести