Готово: Хари Мегваер од Манчестер јунајтед се сели во Вест хем!

Манчестер јунајтед се согласил да го продаде Хари Мегваер во Вест хем за 30 милиони фунти и сега останува само уште дефанзивецот да ги договори личните услови со Чеканите, што не би требало да биде проблем, па наскоро ќе има и официјализација на трансферот.

Манчестер се ослободува од киксерот Мегваер за многу помалку пари отколку што го купија од Лестер, но ако се прашуваат фановите, тие би се согласиле и на поевтина продажба од оваа. Мегваер изминатата сезона и летово на пријателските мечеви правеше многу грешки кои скапо го чинеа тимот и беше во немилост на навивачите, а и на менаџерот Ерик Тен Хаг, кој му ја одзеде капитенската лента.

Мегваер сака да настапи на Европското првенство следното лето и затоа за да има место за него во репрезентацијата, сезонава мора да игра редовно, а во Манчестер тоа не е можно.

- Оглас -

Најнови вести