Готвачката го тужи Нејмар и бара голема оштета, тврди дека работела 16 часа на ден за 150 луѓе

Бразилскиот фудбалер Нејмар постојано е во фокусот на вниманието без разлика дали се работи за тоа што го прави на теренот или надвор од него. Последната новост поврзана со Нејмар е тоа што ќе заврши на суд затоа што неговата поранешна готвачка реши да го тужи, тврди португалскиот весник Рекорд.

Според тврдењата на готвачката, таа била изложена на многу тешки услови додека работела во куќата на Нејмар. Вели дека работела секој ден од 7 часот наутро до 23 часот навечер и дека постојано морала да подготвува храна за јадење на 150 луѓе.

Жената се жали дека готвењето не била единствената работа која требало да ја работи. Од нејзе се барало да разместува мебел, да грева маси потешки и од 10 килограми и постојано да е под физички напор.

Таа тврди дека работела и без ниту еден слободен ден во неделата и дека поради тоа заработила здравствени проблеми. Сега има болки во грбот и колковите. Поради тоа, готвачката бара од Нејмар да ги покрие медицинските трошоци што ги има, да ѝ даде парична помош за издржување и да добие 43.000 евра отштета за непратените прекувремени часови.

 

- Оглас -

Најнови вести