Готвачот на Баерн ја откри тајната како ги штити играчите од Коронавирусот

Коронавирусот го сопре речиси целиот фудбалски свет, а голем број спортисти се во самоизолација. Меѓу оние кои се во самоизолација се и фудблаерите на германскиот првак Баерн Минхен. Засега во Баерн нема никакви проблеми со опасниот вирус. Фудбалерите имаат домашни тренинзи, а за исхраната се грижи готвачот Алфонс Шубек.

Готвачот откри кој е неговиот начин на подготовка на исхраната.

„На играчите на Баерн секое утро им подготвувам сок од ѓумбир. Поточно тоа е половина исцеден ѓумбир, а половина лимон. Сите фудбалери конзумираат и Омега 3 масни киселини низ рибино масло, како и семки од лен и шипка. Покрај тоа, им препорачувам и куркума. Мора здравствениот одбранбен механизам да биде на највисоко ниво, тешко дека може да се разболат. Ако постојано го конзумирате ова, тешко дека може да се заразите од Коронавирусот“, рече готвачот на Баерн Минхен, Алфонс.

- Оглас -

Најнови вести