Нови проблеми за Барселона, овојпат неповрзани со настапите на екипата на Роналд Куман. Градежната фирма „МЦМ“ го тужи каталонскиот гигант за неплатен долг од 3,5 милиони евра, сума која требаше да биде исплатена уште во јуни 2017 година.
Фирмата била ангажирана за реновирање на седиштето на познатата фудбалска школа „Ла Масија“ уште во 2010 година, кога на претседателското столче на колективот седеше Сандро Росел, а според договорот, рокот на исплата на сумата поминал пред три години.
Затоа градежната фирма одлучи да ги добие парите со помош на Судот во Барселона, со цел што побрзо да се реши спорот. Шпанскиот вицепрвак се наоѓа во тешка финансиска ситуација поради пандемијата со корона-вирусот, по што овој проблем може дополнително да се пролонгира.