Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, стравува дека јавниот превоз во главниот град на Франција за време на одржување на Летните олимписки игри идното лето нема да може да ги задоволи потребите на луѓето кои ќе бидат во градот во тоа време.
Според неа, главна причина за стравувањата е недоволниот број возови и автобуси на одредени реони.
Исто така, голем проблем за Париз претставува и проблемот со бездомниците, односно нивното остранување од улиците и мостовите за време на одржување на Игрите.
„Сè уште имаме проблеми со секојдневниот превоз и нема да можеме да одговориме на потребите за нашите граѓани за време на Игрите. Постојат места каде што превозот нема да биде возможен бидејќи нема да има доволно возови и автобуси и тоа е одговорност на Владата“, изјави Идалго.
Организаторите очекуваат дека за време на Олимписките игри во Париз ќе има речиси 15 милиони туристи.