Градоначалникот на Франкфурт направи скандал: Буквално го одзема пехарот од рацете на тренерот и играчите (Видео)

Ајнтрахт Франкфурт по пауза од 42 години стигна до првата европска титула, откако триумфираше во Лигата на Европа. Германскиот тим во финалето во Севилја, по подобро изведување на пенали го победи шкотски Глазгов Ренџерс. Со таа победа, Ајнтрахт си обезбеди место во групната фаза од Лигата на шампиони за следната сезона, иако во Бундеслигата заврши дури на 11 место.

По враќањето во Франкфурт, фудбалерите и тренерот на Ајнтрахт гордо го носеа трофејот, кога пред нив се појави градоначалникот на Франкфурт, Питер Фелдман и буквално им го грабна трофејот од нивните раце. Политичарот делуваше како тој да е најзаслужен за освоениот трофеј и дека тој е главниот што треба да го носи и прв да го покаже од балконот на навивачите.

Роде и Гласнер збонето го гледаа градоначалникот кој самиот себе се стави во прв план на овој спортски, а не политички успех на тимот од Франкфурт.

 

- Оглас -

Најнови вести