Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев нема дилеми: Влатко Костов продолжува како тренер на Тиквеш

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев со порака на фејсбук објави дека воопшто и не размислувал за судбината на Влатко Костов и според него познатиот тренер и поранешен фудбалер останува на кормилото на Тиквеш.

Јанчев како претставник на општината Кавадарци, под чија капа е Тиквеш истакна дека е горд на резултатите на клубот и на работата на тренерот Костов.

Тиквеш беше драстично оштетен вчера на мечот со лидерот Шкупи, откако судијата Јован Качевски во 9. минута досуди пенал, кој беше чист како солза, па сензационално ја смени одлуката при резултат 0:0.

Шкупи победи со 1:0, а одлуката на Качевски предизвика револт во таборот на Тиквеш, а реагираше и Влатко Костов со најава за заминување од кормилото на клубот, по зачестените судиски неправди, како што истакна.

Денеска и судиската комисија во ФФМ во анализата на 25. коло објави дека одлуката на Качевски да не досуди пенал, иако покажа на белата точка, па се пишмани е погрешна и Тиквеш е оштетен.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести