Градоначалникот на Ротердам го одложи дербито меѓу Феенорд и Ајакс

Градоначалникот на Ротердам, Ахмед Абуталеб, изјави дека дербито од холандското првенство помеѓу Феенорд и Ајакс, кое требаше да се одигра в недела, е одложено поради штрајк на полицијата.


Тој објасни дека без ангажманот на полицијата не може да се гарантира безбедноста на играчите и на навивачите, па затоа побара за разбирање.


Новиот датум за одигрување на натпреварот сè уште не е одреден.

- Оглас -

Најнови вести