Градот кој живее за фудбалот не спиеше, ја славеше титулата на Наполи (Видео+Фото)

Неапол е град кој живее за фудбалот, а откако Наполи славеше со 2-0 над Каљари и официјално ја освои својата четврта титула во Серија А, следуваше големо славје низ улиците на градот кое траше до доцна во ноќта, односно до рано наутро.

Во моментите кога заврши мечот, низ улиците на градот не можеше да се забележат ниту возила, ниту пешаци, сите гледаа фудбал. Вака изгледаше Неапол во тие моменти.

А вака беше низ улиците на градот откако мечот заврши и славјето се прелеа низ градот.

- Оглас -

Најнови вести