Градови од Европа, Азија и од Америка сакаат да бидат организатори на ЛОИ 2036

Интерес за организација на Летните олимписки игри што треба да се одржат во 2036 година засега пројавуваат четири земји, односно градови.

Според првичните информации, желба да ги организираат ЛОИ 2036 имаат Мексико, и тоа во четири града, Мексико сити, Гвадалахара, Монтереј и Тихуана, потоа Нусантара (Индонезија), Истанбул (Турција) и Варшава (Полска).

Покрај овие четири града, постои можност да биде поднесена кандидатура за организација за ЛОИ 2036 и од Сеул (Јужна Кореја), Будимпешта (Унгарија), Фиренца и Болоња или Торино (Италија), Берлин (Германија) и Тел Авив (Израел), Ахмедабад (Индија), Доха (Катар), како и на кинеските градови Ченгду и Чонгчинг.

Следните Летни олимписки игри во 2024 година ќе се одржат во Париз (Франција), во 2028 година домаќин ќе биде Лос Анџелес (САД), а во 2032 година најголемата летна спортска манифестација ќе се одржи во Бризбејн (Австралија).

- Оглас -

Најнови вести