1002 Евертон – Ливерпул (Премиер лига Англија, 13:30 часот)
И двата тима од Ливерпул играат под очекувањата, а особено тоа важи за домаќините кои сè уште немаат победа во новата сезона од Премиер лигата.
Ливерпул по поразот од Манчестер јунајтед дојде до две победи, но против Њукасл покажаа исто така голем број на слабости. Тимот на Јирген Клоп е фаворит на оваа средба, и веројатно ќе дојде до трите бода, но кога се игра на „Гудисон Парк“ интересно е што на четири од последните пет натпревари имало делба на бодовите.
Предлог тип: ГГ (1.77)
1003 Тотенхем – Фулам (Премиер лига Англија, 16:00 часот)
Тотенхем на својот стадион ќе го пречека одличниот Фулам кој што сезонава на секој свој натпревар гарантира погодоци и голема забава за навивачите.
„Петлите“ предводени од Антонио Конте ќе се обидат да го пронајдат „лекот“ за Александар Митровиќ кој што стигна до бројката од пет погодоци.
Тотенхем има три победи и две нерешени средби, а ќе сака со три бода да влезе пред новата авантура во Лигата на шампионите. Одбраната на гостите е послабиот дел од тимот каде на пет средби во ПЛ седум пати ја вадеа топката од својата мрежа.
Предлог тип: 1&3+ (2.10)
3002 Милан – Интер (Серија А Италија, 18:00 часот)
Големото миланско дерби „тешко“ десет титули во Лигата на шампионите отсекогаш привлекувало големо внимание во фудбалската јавност, иако во последните години Интер и Милан се далеку од некогашната славна форма.
Минатата сезона двата милански гиганти водеа битка до последен миг за титулата во Серија А, но има еден интересн податок кога Милан е домаќин.
„Росоњерите“ од 2017 година немаат триумф како начелен домаќин на „Сан Сиро“, а на последните шест средби имаат три ремија и исто толку пати Интер се радувал на победата.
Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку ќе недостасутваат на оваа средба, а ние веруваме дека Интер нема да загуби и дека ќе видиме најмалку два погодоци на оваа средба.
Предлог тип: Х2&2+ (1.90)
1369 Севилја – Барселона (Ла Лига Шпанија, 21:00 часот)
„Рамон Санчес Пискуан“ е еден од најдобрите шпански стадиони каде што навивачите прават пеколна атмосфера, а ништо поразлично нема да биде и вечерва.
Севилја ќе ја има максималната поддршка против Барселона која што ова лето беше доста активна на трансфер пазарот. Роберт Левандовски е главната ѕвезда која што пристигна во тимот, но тука се и уште неколку одлични играчи.
Во секој случај не очекува одличен фудбалски меч, каде што исто така головите нема да изостануваат.
Предлог тип: ГГ&4+ (3.25)
1807 Ајнтрахт Франкфурт – РБ Лајпциг (Бундеслига Германија, 18:30 часот)
Последниот денешен меч од Бундеслигата го играат екипите кои што практикуваат напаѓачки фудбал.
Ајнтрахт на две средби пред своите навивачи игра со просек од точно три погодоци, додека кога Лајпциг е гостин гледаме доста ефикасен фудбал со по 4.5 погодоци по меч.
Во три наврати од последните пет средби овие две екипи во Франкфурт играат со резултат 1:1, но четири пати гледаме од еден до три погодоци во двете полувремиња, а квотата во Sport Life за такво нешто да се случи и попладнево е 1.88.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.88)