Градско дерби и во Лондон: Челзи гостува кај Вест хем

Градско дерби си е градско дерби, без разлика што едниот тим се бори за титула, другиот за опстанок. Вест хем и Челзи имаат различна мисија, со иста цел – победа. „Сините“ на Маурисио Сари сакаат да продолжат со низата победи и да го следат Ливерпул на врвот на табелата, додека пат „чеканите“ по серија од четири порази конечно победи минатиот викенд, но не сакаат да застанат таму, целат кон нов триумф за напредок на табелата.

Претходните меѓусебни средби наговестуваат нова неизвесна пресметка. Во послените меѓусебни пет меча, Челзи брои две победи, една Вест хем, додека две завршиле без победник. Само еден дуел од тие пет натпревари завршил со еден гол, на останатите секогаш имало барем по два гола.

Челзи иако во четвртокот играше во Лигата на Европа против ПАОК, Сари одмори неколку главни адути како Азар, Луиз и Ковачиќ, па од италијанскиот стратег се очекува да почне со најсилниот состав. Вест хем имаше доволно време да се подготви за овој дуел, Мануел Пелегрини цела недела кроеше планови како да го спречи разиграниот ривал од Лондон.

Еден од најиграните типови за денес во „Спорт лајф“ за овој дуел е типот X2 со 2-4 гола, квотата што ви ја нудиме за овој тип е 1.95. Натпреварот е закажан за почеток од 14.30 часот.

- Оглас -

Најнови вести