Лос Анџелес ФК – ЛА галакси (04:30ч – МЛС лига)
Последното градско дерби меѓу двете најквалитетни екипи од Западната конференција, беше во знакот на Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот со хет-трик ги столчи ривалите кои се неприкосновени лидери на Западот, со што докажа дека е најдобар фудбалер во САД.
Нешто повеќе од еден месец подоцна, Галакси е во улога на гостин и е апсолутен аутсајдер во дуелот против Лос Анџелес. Но, тоа не треба да значи дека трите бода ќе им бидат доделени без борба, особено што сè уште не знаат за триумф против една од најуспешните американски екипи. И овој дуел ќе се одбележи како пресметка меѓу двајцата голгетери Ибрахимовиќ и Карлос Вела.
Предлог тип: 1-2I & 1-2II (3.05)
Далас – Хјустон Дајнамо (02ч – МЛС лига)
Дерби се игра и во Тексас, но овој дуел нема да биде возбудлив колку што се очекува да биде дербито во Ел – еј. Сепак, Далас и Хјустон ќе се обидат да го одржат голгетерскиот ритам во меѓусебните дуели, бидејќи во последните пет меча најмалку се постигнуваат по три гола.
Далас треба да ја искористи кризата на фудбалерите на Хјустон, кои пак четирипати загубија во последните пет првенствени натпревари, но и домаќините не се во посебна форма, што значи дека најверојатно ќе се игра отворен фудбал, а бодовите ќе припаднат на тимот кој повеќе ќе се жртвува.
Предлог тип: ГГ3+ (1.93)
Банфилд – Бока јуниорс (01ч – Прва лига Аргентина, четврто коло)
Јужноамериканскиот вицепрвак треба да запише лесни бодови на гостувањето кај Банфилд, знаејќи дека веќе девет години немаат претрпено пораз од оваа екипа. Бока во последните пет гостувања кај Банфилд бележи две победи и три ремија, а воедно имаат потреба од нов успешен исход за да останат при врвот на табелата.
Банфилд сезонава веќе запиша еден триумф на домашен терен, но се чини дека Бока за нив е преголем залак.
Предлог тип: 2 (2.25)
Сеара – Фламенго (00:01ч – Прва лига Бразил, 16-то коло)
Единствената победа на тимот на Сеара против Фламенго во рамки од бразилското првенство се случи во септември минатата година. Всушност, тој е последниот меѓусебен дуел на овие две екипи, а Фламенго ноќеска ќе сака да се реваншира за украдените бодови.
Солидната форма на Фламенго треба да биде повеќе од доволна за да се дојде до нов позитивен резултат, но Сеара од осум меча на домашен терен има пет победи, така што се очекува неизвесен дуел.
Предлог тип: X2 & 1-3 (1.95)