Градско дерби во Њујорк, канадско дерби во Торонто, и една сигурна единица во Аргентина

Индепендиенте – Колон (Фудбал Аргентина суперлига, 01.00 часот)

Четвртото коло носи меч на двете екипи кои досега имаат по три бода. Ова се тимови кои многу ретко играат нерешено, а и во меѓусебните дуели одамна немало „икс“. Пред 15 години последен пат одиграа 0-0, и ова најавува дека ќе има голови, но ретко кога во последно време било гол-гол, па предлагаме да типувате на победа на Индепендиенте без примен гол.

Предлог тип: 1 Сигурна (2.18)

 

Њујорк сити – Њујорк ред булс (Фудбал МЛС лига, 01.00 часот)

Јенки стадионот во Њујорк ќе биде местото на одржување на градското дерби. Сити има три бода повеќе, а и два меча помалку од Ред Булс. Домашните се фаворити на хартија, и традицијата е на нивна страна, иако последниот меѓусебен дуел на 14 јули им припадна на „црвените бикови“ кои тогаш беа домаќини. Статистички, мали се шансите да биде нерешено, па кога би бирале помеѓу единица или двојка, сепак предност за Њујорк сити.

Предлог тип: 1 (1.98)

 

Торонто ФК – Монтреал импакт (Фудбал, МЛС лига, 01.30 часот)

Торонто е разочарување сезонава, но има ист број бодови и еден меч помалку од Монтреал, па ако го победи канадскиот ривал, влегува во плејоф зоната на табелата на Истокот. Формата им е променлива, а ова се тимови кои играат и во домашното канадско првенство. Пред нешто повеќе од еден месец, Торонто во Монтреал славеше со 2-0, па и дома е фаворит, но Импакт има нов тренер и ќе има многу мотиви.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.73)

 

Филаделфија јунион – ДЦ Јунајтед (Фудбал МЛС лига, 01.30 часот)

Овој меч е шанса за враќање на победничкиот пат за еден од тимовите. Филаделфија загуби на претходниот меч, а Вашингтон има три порази на последните четири меча. Плус тоа, ДЦ јунајтед нема да смета на Вејн Руни, кој доби црвен картон и одлежува суспензија. Филаделфија е незгоден домаќин, има само еден пораз на последните десет меча на свој терен. Во лигашките пресметки со ДЦ во Филаделфија, Јунион има пет победи по ред.

Предлог тип: 1 & 2-3 (3.35)

 

Реал Солт лејк – Колорадо рапидс (Фудбал МЛС лига, 04.00 часот)

За тимот од Солт лејк сити, минатото коло заврши низата од три победи по ред, додека Колорадо е претпоследен на Западот, со 10 бода помалку од местата кои водат во плејоф. На последните три меѓусебни дуели на овие тимови, паднаа вкупно 15 гола, па ако продолжат во ист ритам, би требало да биде ефикасно и да паднат барем три гола.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.77)

- Оглас -

Најнови вести