Манчестер сити извојува рутинска победа над Брентфорд од 2-0 во дуел на тимови од Премиер лигата кои се во различна позиција. Сити е убедлив лидер на табелата, а Пчелите од Лондон имаат пет порази по ред.
Ријад Марез од пенал и Кевин де Бројне погодија за првакот. За Алжирецот Марез ова е осми гол на последните седум меча.
Драма имаше на дуелот помеѓу подновениот Тотенхем и Саутхемптон. Тимот на тренерот Антонио Конте во второто полувреме водеше со 2-1, па губеше со 2-3, а на крајот даде гол во 93-тата минута за 3-3, но беше поништен од ВАР.