“Граѓаните“ без првата ѕвезда во Белград: Халанд го пропушта мечот со Црвена ѕвезда

Екипата на Манчестер сити и без својата прва ѕвезда, Ерлинг Халанд, успеа да дојде до победата на гостувањето кај Лутон. Сепак, од таборот на актуелниот освојувач на Лигата на шампионите се претпазливи, па репрезентативецот на Норвешка нема да патува ниту во Белград на дуелот против Црвена ѕвезда, а според Пеп Гвардиола, во моментов приоритет е тој да биде подготвен за настапот на Светското клупско првенство.

– “Ден после натпреварот во Бирмингем не можеше нормално да оди. Во саботата се слушнавме и ми рече дека е многу подобар, дека може да оди и не чувствува болка. Го надгледуваме ден за ден и ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата. Се надевам дека ќе биде подготвен за Светското клупско првенство.“ – рече Гвардиола после мечот со Лутон.

- Оглас -

Најнови вести