Манчестер сити продолжува со одлични игри и победи на Светското клупско првенство. Моќта на Граѓаните ја почувстува Јувентус кој беше поразен со убедливи 5-2.
Жереми Доку во деветтата минута го донесе Сити во водство, но само две минути подоцна следеше големата грешка на Едерсон по која израмни Копмајнерс.
Калулу во 26-тата минута си постигна автогол за нова предност на англискиот тим.
Ерлинг Халанд во 52-та минута зголеми на 3-1, а Фил Фоден во 69-тата ги разреши дилемите околу победникот.
Савињо беше стрелец на петтиот гол во 75-тата минута, а Душан Влаховиќ девет минути подоцна го постави конечниот резултат.
Ал-Аин ја победи Видад Казабланка со 2-1.