Партизан го продаде талентираниот Филип Стевановиќ на Манчестер сити за сума од 8,5 милиони евра, известуваат српските медиуми. Дијамантот на Црно-белите од јануари идната година официјално ќе стане Граѓанин, но пред да го облече дресот на англискиот гигант ќе ја доигра сезоната во српското првенстов.
Партизан во трансферот успеа да вметне клаузула од 10% профит од евентуална идна продажбана Стевановиќ, што може дополнително да го зголеми профитот од разделбата со својот талент.
Стевановиќ иако има само 18 години успеа да се наметне во првиот тим на Партизан со своите одлични лиги, по што беше забележан од гигантите од Островот. Минатата година интерес за него покажа Манчестер јунајтед, но по сите изгледи талентираниот српски фудбалер заврши во редовите на градскиот ривал Сити.