Граѓаните и Светците лесно ќе запишат нови три бода на своето салдо

1010 Лидс – Манчестер сити (21 часот)

Првиот натпревар на Граѓаните по паузата поради Светското првенство им е против Лидс на гости и сé освен освен нивна победа би претставувало големо изненадување. Манчестер сити минатата среда го одигра првиот официјален натпревар по пауза од 40 дена и славеше против Ливерпул со 3:2 во Лига купот. Минатата сезона двата натпревари во Премиер лигата ги добија Граѓаните со вкупна гол-разлика 11:0.

Предлог тип: Т2 1-3 I & 1-3 II (1.89)

 

1706 ПСЖ – Стразбур (21 часот)

Првенството продолжува и во француската Лига 1 и таму уште сега се знае дека ПСЖ ќе ја освои титулата. Светците се лидери на табелата со пет бода предност пред Ленс, а вечерва играат против претпоследниот Стразбур и иако Меси доби слободно, а можно е да не играат ниту Нејмар, ниту Мбапе, тие се апсолутни фаворити и сè освен убедлив триумф би било изненадување.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.00)

 

1242 Килмарнок – Абердин (20.45 часот)

Бојан Миовски и Абердин по паузата поради Мундијалот, претрпеа три порази во шкотската Премиер лига од фаворитите Селтик и Ренџерс и од Сент Мирен во последното коло. И покрај лошата серија, Абердин се наоѓа на делба на третото место на табелата, а вечерва му гостува на Килмарнок, кој е во долниот дел на табелата и кој во последниот натпревар ремизира против Мадервел. Во меѓусебните дуели, головите се редовни, а во првиот дуел сезонава Абердин славеше со убедливи 4:1, а Миовски даде два гола. За очекување е традицијата на ефикасни натпревари да продолжи.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.99)

 

1009 Брест – Олимпик Лион (21 часот)

Седумкратниот француски шампион Олимпик Лион сезонава игра под очекувањата на навивачите и се наоѓа на осмото место на табелата дури со 20 бода помалку од ПСЖ само по 15 одиграни кола и во вториот дел од сезоната ќе се обиде да обезбеди пласман во европските купови. И двете екипи одиграа по два натпревари во подготовките пред продолжение на сезоната, и на сите имаше најмалку по два гола. Брест прими вкупно шест гола, а Лион одигра 1:1 со Сошо и загуби со 2:1 од Монца. Во меѓусебните дуели, само на еден од последните осум меча имало помалку од два гола и тој натпревар се одиграл пред 10 години.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.93)

 

1703 Оксер – Монако (17 часот)

Монако имаше одлична проверка пред продолжението на сезоната во Лига 1, го победи Лидс со 4:2. Оксер пак со 1:0 славеше над Хајдук Сплит, но позициите на табелата, меѓусебните дуели и моменталната форма го фаворизираат Монако. Монако е шести на табелата само со еден помалку од Лориен, кој се наоѓа на позиција која носи во европските купови, додека Оксер е во долниот дел на табелата, се наоѓа на 17-тата позиција само со 13 освоени бодови. Монако славеше на три од последните четири меѓусебни натпревари, но последниот се одигра пред девет години.

Предлог тип: 2 & 1+ второ (2.22)

 

- Оглас -

Најнови вести