Граѓаните и Топчиите го следат Ливерпул (Видео)

Манчестер сити и Арсенал остварија нови победи во Премиер лигата и го следат лидерот Арсенал на врвот на табелата, со само еден бод заостанување. Манчестер сити го совлада Фулам со 3-2 на „Етихад“, додека Арсенал со 3-1 победи против Саутемптон.

Матео Ковачиќ беше двоен стрелец за Граѓаните, а погоди и Жереми Доку, додека Фулам беше жилав противник и постигна голови преку Андреас Переира и Родриго Муниз.

Саутемптон поведе на „Емирати“ со голот на Камерон Арчер во 55-та минута, но Арсенал возврати само три минути подоцна со голот на Каи Хаверц.

Мартинели и Сака на крајот донесоа заслужен триумф за Топчиите.

Брентфорд и Вулверхемптон во голеада одиграа 5-3, а Вест хем го совлада Ипсвич со 4-1. Лестер триумфираше со 1-0 против Борнмут.

- Оглас -

Најнови вести