Илкај Гундоган им се приклучи на Кевин Де Бројне и на Ријад Марез во друштво на трилингот фудбалери на Мачестер сити кои имаат промашено пенал во последните дуели со Ливерпул.
Гундоган имаше шанса да му донесе предност на лидерот во Премиер лигата, но промаши од белата точка во 37-мата минута. Германскиот репрезентативец воопшто и не ја погоди рамката на голот што го брани Алисон Бекер, па упати удар високо над голот.
Од последните четири пенали што судиите ги досудија за Манчестер сити против Ливерпул, само Де Бројне лани погоди во победата од 4:0, но и тој потоа имаше утка од белата точка на меч што исто така се играше лани и заврши 1:1.
Претходно и Ријад Марез не погоди од 11 метри во 2018 година, а и тогаш за Ливерпул во ремито без голови бранеше Алисон.
По првото полувреме, вечерва на „Енфилд роуд“ нема голови на големото англиско дерби на последните шампиони во Премиер лигата.