Граѓаните ќе му го расипат „именденот“ на второлигашот од Шефилд

Шефилд вензди – Манчестер сити (фудбал, Англија ФА куп, 20.45 часот)

Падот во формата на Шефилд е очигледен, во Шампионат лигата од последните 10 меча добија само два. Од друга страна, Сити има четири победи по ред во сите натпреварувања, од кои најзначајна беше онаа над Реал во Мадрид. Во последната деценија Граѓаните никогаш не загубиле од вечерашниот ривал, но во купот чести се изненадувачки резултати, особено што денеска на Вензди му е „именден“. Сепак, гостите се многу посилни и би требало да дадат барем два гола.

Предлог тип: Т2 2-3 (1.97)

 

Тотенхем – Норвич (фудбал, Англија ФА куп, 20.45 часот)

Тимот на Мурињо врза три порази по ред и ова им е шанса да почнат да излегуваат од кризата. Норвич е последен во Премиер лигата, но чесно се бори, во минатото коло го изненади Лестер и тоа им влева самодоверба. Кон крајот на јануари во премиерлигашки меч Петлите на свој терен ги победија Канаринците со 2-1. Традицијата е на страната на Тотенхем, кој доби две третини од последните девет пресметки.

Предлог тип: 1 (1.62)

 

Лион – ПСЖ (фудбал, Франција куп, 21.10 часот)

Тука исходот зависи од расположението на гостите. Ако одиграат на својот максимум, ќе биде чиста двојка, но ако се релаксирани, Лион може да слави. Лион во последните пет меча има примено само еден гол, но ПСЖ на последните пет меча против француски екипи, вклучувајќи го и Лион, дава четири или повеќе голови. Дуелите на овие тимови во Лион во последната деценија секогаш завршувале нерешено или со минимална победа на едниот тим.

Предлог тип: 4+ (2.30)

 

ПАОК – Олимпијакос (фудбал, Грција куп, 20.30 часот)

Пред десетина дена Олимпијакос извојува голема победа на „Тумба“ во првенството, сега ќе проба да го направи тоа и во Купот, но ова е само прв меч од полуфиналето на купот, ќе има и реванш во Пиреја. Ова се двете најсилни грчки екипи во моментов, притисокот ќе биде поголем врз ПАОК, кој по киксот во лигата, не смее да го повтори тоа. Олимпијакос е опасен гостин, тоа го докажа и со победата над Арсенал во Лондон.

Предлог тип: ГГ (2.00)

 

Спартак Москва – ЦСКА Москва (фудбал, Русија куп, 17.30 часот)

Овие тимови уште од 2011 не одиграле нерешено во меѓусебните дуели кога Спартак бил во улога на домаќин и можеби таа традиција ќе се прекине денеска. Поради домашниот терен, Спартак е во блага предност, но на лигашката табела стои далеку зад градскиот ривал. Најверојатно тимовите ќе бидат комплетни, потребно им е да влезат во ритам бидејќи по зимската пауза, во првенството одиграа само по еден меч.

Предлог тип: Х (3.05)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Лестер – Бирмингам 1 & ГГ (2.95)

Шефилд в. – Манчестер сити 2 & 0-3 (2.40)

Лион – ПСЖ Х2 & 2-3 (2.80)

- Оглас -

Најнови вести