Граѓаните му покажаа на Њукасл дека сè уште е „зелен“ за големи работи (Видео)

Манчестер сити е вториот полуфиналист во ФА купот откако со 2:0 го совлада Њукасл. Пред Граѓаните, пласман во полуфиналето на најстарото англиско натпреварување обезбеди и Ковентри кој во неверојатен меч со 3:2 го победи Вулверхамптон.

Ова беше четврти меѓусебен дуел сезонава и Манчестер сити славеше и на двата меча од Премиер лигата, а Њукасл единствено се радуваше на дуелот од Лига купот.

Човек на одлука на „Етихад“ беше Португалецот Бернардо Силва кој ги постигна двата гола на мечот.

Силва прво во 13-тата минута го отвори резултатот, а пласманот во полуфиналето на Сити го завери со голот во 31-та минута.

Утре ќе се играат и преостанатите два четвртфинални меча меѓу Челси и Лестер и меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести