Граѓаните одговорија: Разочарани сме, но не и изненадени од одлуката на УЕФА

Манчестер сити во следните две сезони ќе нема право за настап во Лигата на шампионите! Ова е конечната одлука на УЕФА по речиси две години истрага под сомнение дека Граѓаните ги прекршиле правилата на Финансискиот фер плеј.

Набрзо по одлуката преку соопштение се огласи управата на англискиот првак.

„Манчестер сити е разочаран, но не и изненаден од одлуката на Дисциплинската комисија на УЕФА. Клубот настојуваше непристрасно тело да ја води истрагата и да одлулува за непобитните докази. Пролонгирањето на процесот кај нас создаде сомнежи околу одлуката која ќе ја донесе одговорното тело. Во најкус можен рок клубот ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража“, стои во соопштението на Сити.

- Оглас -

Најнови вести