Граѓаните освојуваат титули и соборуваат рекорди во заработка

Актуелниот европски и англиски шампион Манчестер сити во сезоната 2022/2023 оствари рекорден профит од 712,8 милиони фунти (818,4 милиони евра), што претставува рекорд меѓу премиерлигашите, објави Би-би-си.

Ова е зголемување на профитот за 80,4 милиони фунти во однос на преходната година.

Претходно рекордот по заработка меѓу екипите од Премиер лигата го држеше градскиот ривал Манчестер јунајтед со 648,4 милиони фунти.

„По освојувањето на тројната круна, често ми го поставуваа прашањето: Како да го надминеме тоа? Одговорот е така што ќе ги удвоиме докажаните филозофии и искуства кои ни донесоа успех и самите ќе се предизвикаме за постојано да напредуваме“, изјави претседателот на Граѓаните, Калдун ал-Мубарак.

Според извештајот, Манчестер сити минатата сезона ја зголемил заработката на сите полиња, најголем е растот, дури 20,2 отсто, од ТВ-правата (299,4 милиони фунти).

- Оглас -

Најнови вести