Граѓаните се големи фаворити за победа против Ливерпул, Дербито на Италија „мириса“на реми

На малку помалку од еден ден од можноста да се одиграат паровите од единаесеттото коло на Спортска прогноза на Sport Life, во кое има 13 интересни натпревари, прогнозерите немаат дилеми околу победникот на големото англиско дерби, додека голема неизвесност очекуваат на Дербито на Италија.

Дури 70,71 отсто од прогнозерите сметаат дека Манчестер сити ќе слави против Ливерпул во дербито на колото во Премиер лигата. Само 11,36 отсто му веруваат на Ливерпул, додека 17,93 отсто сметаат дека нема да има победник на „Етихад“.

На второто големо дерби кое е во понудата на Спортска прогноза, дуелот меѓу Јувентус и Интер, дури 43,82 отсто од прогнозерите сметаат дека ќе заврши без победник. Во Јувентус веруваат 32,30 отсто, додека 23,88 отсто сметаат дека Интер ќе ги освои бодовите на „Алијанц арената“.

Прогнозерите имаат голема доверба во победи на Монпелје над Брест (80,22 отсто), на Хајденхајм над Бохум (72,33), на Ајнтрахт над Штутгарт (58,19).

Со свои прогнози може да се приклучите до сабота, до 13.30 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.

Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.

За погодена Тринаесетка, ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K

Xiaomi електричен тротинет

Сони плејстејшн 5

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча, ви следува ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести