Управата на Манчестер сити планира да му ја удвои платата на својот напаѓач Ерлинг Халанд, објавија англиските медиуми.
Овој потег на челниците на Граѓаните доаѓа по завршување на преодниот рок во кој саудиските екипи направија бум и потпишаа со голем број фудбалски ѕвезди кои ги намамија со ненормално големи плати.
Халанд според актуелниот договор заработува 375.000 фунти неделно и заедно со Кевин де Бројне се најдоброплатени играчи на Сити, а со новиот договор, Норвежанецот би требало да заработува 600.000 фунти ако се согласи да потпише до 2027 година.