13.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Граѓаните со убедлив триумф над шампионот му го честитаа јубилејот на Пеп Гвардиола (Видео)

Пеп Гвардиола ќе го памети илјадитиот натпревар во неговата тренерска кариера, бидејќи неговиот Манчестер сити го разби шампионот Ливерпул со 3-0 и му се реваншира за ланските два порази во Премиер лигата. Натпреварот од 11-тото коло го одбележаа Жереми Доку, за кого Црвените немаа одговор, и Ерлинг Халанд, кој го постигна својот 99-ти погодок во англиската елита.

Сити уште на стартот покажа дека посакува триумф. По пробивот на Белгиецот Доку, Мамардашвили стартуваше во казнениот простор, а главниот судија Крис Каванах досуди пенал по консултација со ВАР. Сепак, ударот на Халанд беше одбранет, оставајќи го Ливерпул во игра.

Превласта на Сити сепак се покажа решавачка. По центаршутот на Матеуш Нуњез, Халанд највисоко скокна и во 29-тата минута го постигна првиот гол. Следеа низа на шанси за домаќините, додека Ливерпул очајно се обидуваше да ја повтори играта од минатата сезона.


Во надополнувањето на првото полувреме, Нико Гонзалез со удар од работ на казнениот простор го погоди Ван Дајк, измамувајќи го Мамардашвили за конечни 2-0.

На почетокот од второто полувреме, Ливерпул создаде неколку шанси преку Собослаи и Гакпо, но натпреварот дефинитивно го реши третиот погодок на Сити. Жереми Доку, избран за играч на натпреварот, со мајсторски индивидуален потег зголеми на 3-0 во 63-тата минута, пласирајќи ја топката во спротивниот агол.

- Оглас -

Најнови вести