Гранада ја победи Осасуна со 1-0, и со 17 бода изби, барем привремено, на второто место на табелата, со само еден бод помалку од Реал Мадрид, а еден бод плус во однос на Барселона. Домингос Дуарте во 38-ма минута беше стрелец на голот вреден три бода.
За Гранада, ова беше петти гол сезонава постигнат со глава. Ниту еден друг тим во Топ 5 лигите во Европа нема таков биланс на ефикасност со шутеви со глава.
Интересна е и статисктиката дека Гранада со тренерот Диего Мартинес на клупата, нема пораз во мечеви на кои водела со 1-0. За Осасуна ова е само втор пораз во последните 28 меча (во минатата сезона играа во втора лига).