Актуелниот италијански вицепрвак Наполи ќе донира 32 тони храна за жителите во Неапол кои се погодени од пандемијата со Коронавирусот. Веќе неколку клубови од Калчолигата, како Јувентус, Рома, Интер, Милан и останатите се пуштија во хуманитарна акција со цел да им помогнат на граѓаните полесно да се соочат со овој тежок период, па и Наполитанците одлучија да им помогнат на своите навивачи.
Покрената е иницијатива „Charity food“, а целта е да се нахранат оние кои не се во можност да обезбедат храна додека се во изолација. Предвидените 32 тони храна ќе се спакуваат во 1000 пакети од по 32 килограми, ќе се разнесуваат низ регионот на Неапол со помош на неколку хуманитарни асоцијации.