Гранде Пандев нема да се пензионира и ќе игра уште една сезона за Парма

Иако Горан Пандев во неколку наврати потенцираше дека за него ова е последна сезона во кариерата, тој сега планира да игра уште една. Македонскиот прославен интернационалец и наредната година сака да го носи дресот на Парма и да го врати тимот во Серија А.

Гоче во јануари премина во редовите на овој италијански тим од Џенова и одигра 11 натпревари и даде еден погодок за Mлекарите.

Гоче очигледно дека е расположен заедно со Џиџи Буфон да ја вратат Парма во Серија А откако во оваа сезона не успеаjа, а во меѓувреме ќе успее да се рехабилитира од повредата на мускулот што го мачеше изминатиов период.

Останува да се види дали тој и во наредната сезона ќе игра професионален фудбал, или пак ќе ја заврши кариерата.

 

- Оглас -

Најнови вести