Гранде Пандев заслужува проштален натпревар на Арената „Тодор Проески“

Горан Пандев е фудбалерот којшто остави најголема трага во историјата на овој спорт во Македонија.

Излишно е да се зборува за радостите коишто Гоче ѝ ги донесе на нашата земја, вклучувајќи го меѓу нив и најважниот гол во нашиот фудбал – оној против Грузија, со кој се пласиравме на настан каков што е Европското првенство.

Ако некој заслужува проштален натпревар на Арената „Тодор Проески“, тоа е токму Горан Пандев и ние како нација за последен пат да го отпоздравиме како исчекорува од теренот бидејќи тоа и го заслужува.

Гоче низ својата кариера играше со многу познати фудбалери и ѝ е добро познат на светската фудбалска јавност, особено на онаа италијанската, па може и да се направи една ревијална средба Македонија против остатокот од светот.

Ќе повториме уште еднаш, ако некој заслужува проштален натпревар, тоа е токму Горан Пандев, кој остави длабока трага во нашиот фудбал.

 

- Оглас -

Најнови вести