Халвор Егнер Гранеруд е победник на натпреварувањето во Оберстдорф, со кое се отвори легендарната новогодишна турнеја во скијачки скокови, „Четири скокалници“.
Норвежанецот имаше скокови од 142,5 и 139 метри, сосема доволно за победа изразена со 13 бода повеќе од второпласираниот Пјотр Жила од Полска. И третото место го освои Полјак, Давид Кубацки.
Следна станица на турнејата е Гармиш Партенкирхен, каде што ќе се скока на први јануари, потоа на четврти јануари се скоковите во Инсбрук, а финишот е на шести јануари во Бишофсхофен.