Швајцарската фудбалска ѕвезда, Гранит Џака, преку социјалните мрежи упати честитка по повод денот на независноста на Косово, но во објавата има грешка, па стана мета на потсмев, особено во Србија која не го признава Косово како посебна држава.
Џака додаде две срциња, едното со знамето на Косово, но таму има седум ѕвездички, а на вистинското знаме на Косово се шест.

За разлика од Џака, во честитката од македонскиот актуелен првак, тетовска Шкендија, немаше никаква грешка.


