36.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Гранит Џака се договори со Сандерленд, но Тен Хаг рече „стоп“

Гранит Џака е заинтересиран за преселба во Сандерленд, но тренерот на Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг, има спротивно мислење и, според медиумите, токму тој ја спречил реализацијата на трансферот.

Како што пренесува „Билд“, Џака веќе се договорил со Сандерленд за личните услови, а англискиот клуб понудил 10 милиони евра. Сепак, Леверкузен го смета тој износ за недоволен и бара најмалку двојно повеќе за 32-годишниот швајцарски фудбалер.

Агентот на Џака, Хозе Ногера Родригес, вчера потврди дека клубот дал зелено светло за преговори, но Тен Хаг ја демантираше таа изјава:

„Не ме интересира што кажува агентот. Веќе продадовме тројца важни фудбалери. Ако дозволиме и Џака да замине, тоа сериозно ќе ги наруши рамнотежата и идентитетот на тимот“, истакна холандскиот стратег.

Тој дополнително нагласи дека Џака има централна улога во неговите планови:

„Тој е вистински лидер. Има уште три години од договорот и е исклучително значаен за тимот“, рече Тен Хаг.

Џака се приклучи на Леверкузен во 2023 година од Арсенал и беше важен дел од тимот што ја освои титулата под водство на Чаби Алонсо. Ова лето клубот веќе се раздели со Џереми Фримпонг, Џонатан Тах и Флоријан Вирц – што дополнително ја комплицира ситуацијата околу евентуалниот трансфер на Џака.

- Оглас -

Најнови вести