26.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Гранолјерс им донесе среќа на Французинките, ќе играат финале за светската круна

Франција е првиот финалист на Светското ракометно првенство што се игра во Шпанија, а во драматичен меч со 23:22 ја победија Данска.

Противник на Триколорките ќе им биде победникот од второто полуфинале, вечерва од 20.30 часот меѓу Норвешка и домаќинот Шпанија.

Данските ракометарки подобро го почнаа мечот и имаа предност од 12:10 по првото полувреме, но потоа се случи пресврт.

Предводени од Фопа која беше најефикасна кај Французинките со 4 гола, се случи голем пресврт ид од 13:17 Франција стаса до предност од 22:21 во самиот финиш на првото полуфинале.

Данска израмни на 22:22, но и прими гол за пораз од еден гол разлика, односно голема победа за Франција од 23:22.

- Оглас -

Најнови вести