Никола Ѓорѓев игра извонредна сезона и веќе има постигнато 4 гола со шест асистенции за Грасхоперс, а швајцарскиот гигант е на добар пат да се врати во Првата лига.
Вечерва популарните Скакулци сигурно скокнаа на прво место со победа против Лозана Оуши со 2:0, а стрелец на вториот гол беше Ѓорѓев.
Сега ги има вкупно четири сезонава, а е и најдобар аистент во Лигата со шест прецизни додавања за гол на соиграчите.
Грасхоперс е најтрофејната екипа во Швајцарија со 27 шампионски круни и е на вистински пат за кам-бек во најсилната лига на оваа земја.
Ѓорѓев влезе во игра на почетокот на првото полувреме, а голот го даде во последните моменти од мечот со второпласираната екипа.
Разликата што ја има Грасхоперс на врвот на табелата сега е пет бода пред Лозана Оуши и Арау, а само шампионот на Втората лига директно ќе се пласира во највисок ранг.