Гратче со 12.800 жители е на 90 минути од историја и првпат да добие бундеслигаш

Хајденхајм и Елверсберг одиграа 2-2 во првиот бараж меч за пополнување на Бундеслигата. Реваншот е в понеделник во Елверсберг.

Ако Елверсберг влезе во Бундеслигата, ќе постави рекорд за тим од најмал град кој настапил во елитното германско фудбалско првенство. Елверсберг е место во западниот дел на Германија со само 12.800 жители, град кој нема железничка станица што е прилично ретко во Германија, и двојно помал од рекордерот Унтерахинг кој има 26.000 жители (Унтерахинг последен пат играше во Бундеслигата во 2001 година).

Овој клуб пред три години уште беше во регионална лига, преклани првпат влезе во втоеа лига, а сега има прилика да испише нова страница во историјата.

Головите за Елверсберг ги постигнаа фудбалери од балканските простори, Косоварот Фисник Аслани и Бугаринот Лукас Петков кои се родени во Германија. Овој тим на полувреме водеше со 2-0, но во вториот дел домашните постигнаа два гола и покажаа дека сакаат опстанок во елитното друштво.

Откако баражите беа воведени во 2009 година, претежно победуваа тимовите од првата лига, само во 2009, 2012 и 2019 година тимовите од втората лига успеаја да победат и да се промовираат во повисок ранг.

- Оглас -

Најнови вести