Гравина: Сезоната во Серија А мора да се доигра

Габриеле Гравина, претседателот на Италијанската фудбалска федерација, не отстапува од својот став сезоната во Серија А, а и останатите шампионати во земјата да се доиграат. Гравина смета дека сезоната мора да се доигра, а изнесе неколку интересни планови.

Доколку првенството продолжи во јуни, ќе заврши во јули. Доколку првенството продолжи во септември, ќе заврши во ноември, а новата сезона ќе почне во јануари.

Во случај здравствената состојба да оневозможи почеток на новата сезона пред јануари, решението за тоа е да започне во почетокот од 2021 година и шампионатот да трае пет месеци. Екипите би биле поделени во две групи, односно поквалитетните би се бореле за титулата и местата кои водат во Европа, додека послабите екипи би се бореле за опстанок во елитата.

Една од опциите е да не се одржуваат натпревари во Ломбардија, најпогоденото подрачје во Италија од корона-вирусот. Тоа значи дека во Милано, Бергамо, Бреша и Кремоне нема да се одржуваат мечеви, туку би се барале места од јужниот дел на Италија за да се одиграат.

- Оглас -

Најнови вести