Грчка лекција за „кралевите“: Олимпијакос ја доби драмата за пласман на Ф4

Кошаркарите на Олимпијакос се вториот патник на завршниот турнир од Евролига, откако славеа драматична победа над Реал Мадрид на гости со 82-84 и со тоа му се придружија на Фенербахче, кој веќе ја заврши четвртфиналната серија.

Екипата од Пиреја со 3-1 излегоа како подобри во полуфиналната серија против „кралскиот“ клуб, откако после двете победи на домашен терен, еднаш загуби, но и еднаш победи во Мадрид.

Реал Мадрид имаше водство во текот на првото полувреме, но во вториот дел Олимпијакос доминираше, па дури имаше и водство од +15. Сепак, „кралевите“ се вратија резултатски, но не доволно за да направат пресврт и да се изборат за мајсторка.

На останатите два четвртфинални натпревари, Панатинаикос и Монако имаат водство од по 2-1 во сериите против Анадолу Ефес и Барселона, па со евентуален брејк на гости, ќе се најдат во завршницата, во спротивно ќе се играат мајсторки во Атина и/или Монако.

- Оглас -

Најнови вести