Познатата грчка новинарка Дора Пантели направи историски потег со тоа што стана првата жена која коментирала меч од кошаркарската Евролига. Пантели која важи за една од најубавите кошаркарски новинарки, беше заштитно лице на телевизијата Нова спорт во Грција, а има работено и во Евролигата.
Таа правеше интервјуа со кошаркарите, репортажи, а сега отиде и чекор понапред, а тоа е да коментира меч и тоа од плејофот во Евролигата. Дора гордо на својот инстаграм профил сама потенцираше како работи пренесувајќи го дуелот меѓу Олимпијакос и Барселона.
„Мојата мисија: рушење на стереотипите секојдневно. Коментирање на плејоф меч во Евролигата. Ова е за сите жени кои ја сакаат кошарката“, стои во дел до пораката испратена од убавата грчка новинарка.