Грчки голман „се претвори во Чилаверт“ и даде три гола на еден меч (Видео)

Голманот Григорис Атанасиу, кој брани за грчки четвртолигаш, направи потфат со каков ретко кој голман може да се пофали. Атанасиу направи хет-трик на еден меч откако реализиураше три пенали за неговиот тим.

Аматерскиот клуб Павлос Мелас го победи Аетос Василикон со 3-0, а 37-годишниот Атанасиу беше сигурен реализатор на сите три погодоци од белата точка.

Според некои податоци, во минатото единствен голман кој направил хет-трик бил парагвајската легенда Хосе Луис Чилаверт, кој во 1999 дал три гола за Велез Сарсфилд на еден меч.

- Оглас -

Најнови вести