Грчките медиуми продолжуваат да откриваат детали од полициската истрага за големите инциденти кои се случија во понеделникот вечерта и убиството на навивачот на атинскиот АЕК од страна на здружените навивачи на Динамо Загреб и Панатинаикос.
Уапсените Хрвати во полиција тврделе дека во Грција пристигнале на одмор и сакале само да им дадат поддршка на своите фудбалери и во ниту еден момент не ги споменале своите грчки „колеги“ од екипата на Панатинаикос. Сите до еден изјавиле дека ниту слушнале ниту виделе дека се случило убиство.
„Хрватските хулигани тврдат дека дошле во Грција за психолошки да го поддржат својот тим, иако знаеле дека УЕФА забранила гостински навивачи. Тие раскажаа како сакале да го гледаат натпреварот од кафуле во близина на стадионот. Секако, никој не можел да ја раскаже сцената на смртта, тврдат дека ништо не слушнале, ниту виделе. Тие изгледаат како нацисти. Некои од нив ѝ кажале на полицијата дека се обиделе да го поврзат годишниот одмор во нашата земја (Грција н. з.) со натпреварот, но не спомнале контакт со грчки навивачи на други тимови.“, пренесува грчкиот Њусит од полициски извори.
Динамо и АЕК во вторник ќе го одиграат првиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите, но во Загреб. Реваншот ќе биде следната сабота во Атина.