29.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Грчки второлигаш со сензационален потег да го ангажира поранешниот селектор на Англија

Грчкиот второлигаш Пиерикос има големи амбиции по враќањето во втората фудбалска лига во оваа земја по шест години пауза. Управата на овој клуб сака да изненади со тренерски ангажман и започна преговори со Свен Горан Ериксен, поранешниот селектор на Англија.

Ериксен веќе две години е без работа откако го напушти кормилото на репрезентацијата на Филипини и сега се наоѓа пред неочекуван ангажман. Неговата кариера на клупско ниво е збогатена со неколку европски трофеи и Скудето со Лацио од сезоната 1999/00, но Ериксен одамна се нема појавено на големата фудбалска сцена.

Грчките медиуми тврдат дека преговорите со Ериксен се активни, па доколку ексменаџерот на Манчестер сити и Лестер го прифати предизвикот, со него ќе почне проектот на Пиерикос кон враќањето во грчката фудбалска елита. Пиерикос од сезоната 1992/93 чека на камбек во Првата фудбалска лига на Грција.

- Оглас -

Најнови вести