Грчките судии почнаа бојкот на Суперлигата, првенството ќе биде прекинато?!

Здружението на грчки фудбалски судии го крена гласот и најави бојкот на Суперлигата поради редовните закани и напади врз нив од хулиганите. Тие не сакаат да бидат жртвени јагниња врз кои се врши насилство, а казни нема.

Судиите секој викенд добивале смртни закани на приватни адреси, минатиот месец во Атина еден судија беше гаѓан со канти за гориво, а минатата недела судија доби порака дека „ќе го изеде мрак“.

Затоа судиската организација реши да не суди додека не се обезбедат услови за нормална работа на делителите на правда на фудбалските терени. Тие бараат средба и со премиерот Кирјакос Мицотакис, а сигурно е дека деновиве и Грчката фудбалска федерација и Суперлигата ќе треба да седнат на маса со судиите.

- Оглас -

Најнови вести